На денешната прес-конференција пред почетокот на Ф4 Купот на Македонија, спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески истакна дека се надева барем на финале.
Охрид денес во полуфиналето ќе се соочи со екипата на Еурофарм Пелистер од Битола.
„Организиравме Ф4 Куп и Супер Куп пред три години. Се надевам сите недостатоци доколку ги имаше ќе ги надополниме сега. Мислам дека сите ќе уживаме во ракометниот викенд, а што се однесува до ГРК Охрид се надевам дека барем ќе го играме финалето утре“, рече Ристески.
Спортскиот директор на ГРК Охрид посочи дека публиката ќе ужива во ракометниот викенд во Охрид, со надеж клубот да се пласира во финале.
