ФудбалЧетврта лига

Бараж за Трета лига – Север: Бујковски против Лопате во Агино Село, Беса против Отља!

Сподели
Сподели

В недела ќе бидат одиграни два бараж натпревари за влез во Третата македонска фудбалска лига – Север за сезона 2025/2026.

Екипата на Студеничани која стана шампион во Општинската фудбалска лига Кисела Вода низ убедливо доминантна сезона со 18 победи од 18 натпревари и максимлани 54 бодови на свето конто обезбеди директен влез во Трета лига – Север.

За пополнување на следните две позиции ќе се бараат екипи од бараж натпревари.

Во првиот бараж натпревар Бујковци ќе се соочи со Лопате во меч кој ќе се игра на одличниот терен во Агино Село, а во вториот натпревар Беса од Сарај и Отља кој се игра во Кадино во Скопје.

Екипата на Лопате е шампион во ОФЛ Куманово, а пак Бујковци е шампион во ОФЛ Гази Баба. Екипата на Беса од Сарај е шампион во ОФЛ Скопје, а пак ФК Отља е шампион во ОФЛ Липково.

Победниците од овие бараж натпревари ќе влезат во Трета лига – Север за сезона 2025/2026, иако според нашите информации не е исклучена можноста за евентуален нов бараж од поразените екипи, а ваквата можност се отвара и четврта екипа да влезе во Трета лига – Север откако Шкендија Арачиново влезе во Втора лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе стигне до позитивен резултат во големото дерби против лидерот Шкендија. Овие...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!