Конечно го имаме конечниот изглед на Втората македонска фудбалска лига за сезона 2025/2026, вкупно 16 екипи ќе се натпреваруваат и во следната сезона, која ќе биде последна со формат од 16 екипи, бидејќи од сезона 2026/2027 лигата ќе се скрати на 14 екипи.
Во новата сезона ќе се натпреваруваат Брегалница, Детонит Плачковица, Охрид, Саса, Беласица, Скопје, Кожуф, Новаци, Победа, Вардар Неготино, Осогово, Тетекс, Слога Виница, Шкендија Арачиново, Беса и Големо Коњари.
Екипите на Големо Коњари, Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс се нови третолигаши, а Осогово се избори за опстанок. Екипите на Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс беа победници во баражот и така изборија влез во Втора лига, додека пак Големо Коњари и Осогово имаа среќа во ждрепката и со тоа ќе бидат дел од Втора лига и во следната сезона, а екипата на Преспа беше единствена која извиси со што Ресен за жал ќе нема можност да следи второлигашки фудбал, Преспа останува во Трета лига – Запад и во следната сезона.