Познати се сите екипи кои следната сезона 2025/2026 ќе играат во Првата женска фудбалска лига.
Десет екипи ќе се натпреваруваат и во следната сезона, а тоа се шампионот Љуботен, Тиверија Брера, Каменица Саса, Скопје, Истатов, Топ Гол, Ас Јунајтед, Атлетико, Речица која преку бараж се избори за опстанок и Кочани кој како шампион на Втора лига се врати во елитата.
Минатата сезона поради откажувањето на тетовска Шкендија уште пред почетокот на првенството се натпреваруваа девет екипи, што резултираше во секое коло да има по една слободна екипа.