Екипите на Осогово, Големо Коњари и Преспа следната сезона ќе бидат дел од Втората македонска фудбалска лига, и тоа без потреба од ждрепка.
Оваа одлука следи по откажувањето на Беса да се натпреварува во Втората лига. Тимот од Добри Дол загуби во баражот од Башкими со 0:2, по што преку официјално соопштение информираше дека се повлекува од Втората лига, а фокусот ќе го насочи кон развојот на фудбалската академија – како што претходно објави и Спортска Мрежа.
Со тоа, Осогово го задржува својот второлигашки статус, додека Големо Коњари и Преспа стануваат нови членови на Втората лига и по долги години се враќаат во второлигашкото друштво.
Во бараж-натпреварите:
-
Осогово загуби од Шкендија Арачиново со 1:2,
-
Преспа беше убедливо поразена од Слога Виница со 0:3,
-
Големо Коњари и Тетекс одиграа 2:2, а по пеналите победник беше Тетекс.
Сепак, и покрај поразите, сите три екипи добија второлигашки статус – не само поради откажувањето на Беса, туку и поради повлекувањето на Воска Спорт и Гостивар од натпреварување во Првата лига.