Екипата на Кадица триумфираше со 2:0 над Млекар во големото финале и стана шампион на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Прилеп, а со тоа стекнува право за настап и во Третата македонска фудбалска лига – Југ.
На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, Кадица од Забрчани до триумфот стигна преку Даниел Аврамовски во 7. минута за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Рубинчо Велески беше прецизен во 70. минута за конечни 2:0.
Со одлична игра, голема борбеност на теренот, дисциплина и посветеност во текот на целата сезона, Кадиноца од село Забрчани, ја подигна шампионската титула како шампион на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Прилеп или Четврта лига по ранг на натпреварување.
Правдата на натпреварот ја делеше Душко Стојсавлевиќ, а му помагаа Марјан Смилкоски и Димитар Здравески, додека пак делегат / контролор беше Зоран Костоски.
Претходно, како што информираше Спортска Мрежа екипата на Кадица до финале дојде откако со 2:0 славеше над Кадино, а пак Млекар преку пенали беше подобар против Гарван Десово откако во регуларниот дел беше 0:0.