Втора лигаТрета лигаФудбал

Шкендија Арачиново, Тетекс и Слога Виница се нови второлигаши!

Сподели
Сподели

Екипите на Шкендија Арачиново, Слога Виница и на Тетекс се нови второлигаши откако денес триумфираа во бараж натпреварите за влез од Трета во Втора лига.

„Најжешко“ беше во Кавадарци каде Шкендија Арачиново со 2:1 славеше над второлигашот Осогово. Резултатот го отвори Александар Ѓорѓиески со гол од белата точка, охриѓанецот беше прецизен во 38. минута и го отвори резултатот за водство на Шкендија од 1:0 на полувреме.

Во вториот дел Осогово заигра подобро и веднаш дојде до брз гол во 52. минута за преку капитенот Марио Симоски кој го постигна шестиот гол во дресот на Осогово за оваа сезона, но не требаше многу, откако Бујар Иљази со ефектен гол испрати вистински проектил во 59. минута за 1:1.

Стојанче Тренчев поради два жолти картони во 94. минута беше исклучен од игра и во финишот Осогово играше со играч помалку.

Шкендија имаше и една пречка, но и поништен гол, откако погоди Дарио Десниќ, но голот беше понишен поради офсајд. Шампионот на Трета лига – Север, Шкендија Арачиново после повеќе од две децениии се врати во Втора лига.

Доминација на Слога Виница и убедлива победа од 0:3 над Преспа, шампионот на Трета лига – Исток беше најубедлив во бараж натпреварите, откако му даде три гола на шампионот на Трета лига – Југозапад.


Само пет минути игра беше потребно за Дарко Стојанов да постигна гол и да ја донесе Слога Виница во водство од 0:1. Во 31. минута Филип Петковски постигна гол, па така тимот од Виница дојде до двојна предност, а во 40. минута Љупчо Христовски постигна гол за конечни и убедливи 0:3, откако во вториот дел мрежите мируваа.

Натпреварот во Ѓорче беше многу неизвесен, откако истиот се решаваше преку пенал-рулетот. Големо Коњари и Тетекс одиграа 2:2, но шампионот на Трета лига – Запад во пенал серијата беше подобар од шампионот на Трета лига – Југ.

Ерјон Елмази во 19. минута погоди за 0:1, а веќе во 24. минута резултатот беше 0:2 преку гол на Азис Јамини. Во вториот дел од мечот Големо Коњари остана без Христијан Кукески, откако заработи два жолти картони, па од 68. минута Големо Коњари играше со играч помалку на теренот.


Но и со играч помалку Големо Коњари му направи шок на Тетекс, откако во 88. минута Зоран Котески постигна гол за 1:2, а во 90. минута Беким Алимоски стрелаше за конечни 2:2.

Во пенал-рулетот за екипата на Големо Коњари не погодија Беким АЛимоски, Борче Сркески и Онур Имероски, а гол постигна само Кире Наумоски, додека пак за Тетекс не реализираа Азис Јамини и Даут Даути, а пак погодија Агон Елмази и Ментор Саљиу.

Од трите поразени екипи односно Големо Коњари, Преспа и Осогово две екипи преку ждрепка е имаат среќа да бидат нови второлигаши.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!