ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Тополка е шампион на ОФЛ Велес и обезбеди влез во Трета лига – Југ

Сподели
Сподели

Екипата на Тополка е шампион во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Велес или Четврта лига по ранг на натпреварување и од следната сезона ќе игра во Третата македонска фудбалска лига (ТМФ) – Југ.

Уште едно коло останува да се одигра во ОФЛ Велес, но тука веќе се е решено. Тополка доминираше сезонава и застана на врвот од табелата во ОФЛ Велес и со тоа од следна сезона ќе заигра во Трета лига – Југ.

Екипата на Тополка на 13 одиграни натпревари има учинок од десет победи едно реми и два порази со 31 бод на своето конто. На второто место во ОФЛ Велес е Локомотива поранешниот второлигаш од Градско има 24 бодови на своето конто, а толку има и Горски кој е трет но со меч помалку.

Најдобар стрелец во ОФЛ Велес е Марјан Стефановски од екипата на Локомотива Градско со постигнати 15 погодоци, а пак најдобар стрелец на Тополка е Ален Мехмед со шест погодоци.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јовановски и Деспотовски на 40. Конгрес на ФИВБ во Доминиканска Република

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, и генералниот секретар Филип Деспотовски ќе учествуваат на 40. Конгрес на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ),...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за настап на квалификации за ЕП

Селекторот на женската репрезентација до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои се во конкуренција за настап на квалификацискиот турнир...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска...

Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!