Фудбалскиот дух повторно ќе го оживее Црнилиште на 8 јуни 2025 година, кога ќе се одржи традиционалниот турнир „Црнилиште Куп 2025“. Настанот, кој полека но сигурно прераснува во еден од најзначајните фудбалски турнири во регионот, но и во цела држава, ќе се одржи во село Црнилиште, општина Долнени.
Со награден фонд кој вкупно изнесува 300.000 денари, организаторите го најавуваат најконкурентното издание досега. Победничкиот тим ќе освои 150.000 денари, додека второ и трето место ќе добијат 90.000 односно 60.000 денари. Дополнително, организаторите ветуваат и други награди, што дополнително го зголемува интересот за учество.
Турнирот ќе биде поддржан со професионален судиски тим и бод систем, што е гаранција за фер и квалитетно натпреварување. Котизацијата за учество изнесува 6.000 денари, а рокот за пријавување на екипите е до 31 мај 2025 година. Ждрепката ќе се одржи на 1 јуни.
Бројот на екипи е ограничен на 32, што значи дека брзината и навременоста на пријавување ќе бидат клучни за учество.
Како и секоја година, „Спортска Мрежа“ ќе биде официјален медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи директни информации, резултати и ексклузивни прилози од самиот турнир.
За дополнителни информации и пријавување, заинтересираните екипи можат да се јават на бројот 071-242-203.