Прва женска фудбалска лигаФудбал

Левески главен во Струга, Изеири го доби дербито меѓу Љуботен и Тиверија Брера

Сподели
Сподели

В недела се играат натпреварите од последното 27. коло на Првата женска фудбалска лига со што завршува сезоната. Последни четири натпревари, а во рамки на последното коло екипата на Атлетико од Битола ќе биде слободна.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 27. коло, а кои ќе започнат во 16 часот.

Дербито на колото ќе се игра во Тетово меѓу Љуботен и Тиверија Брера, но сјајот на самото дерби ќе го нема бидејќи Љуботен ја одбрани титулата поточно двојната круна и во недела нема да има резултатско значење, но секако дека ќе сакаат и двете екипи триумф.

По мечот Љуботен ќе го подигне шампионскиот пехар и ќе ја прослави четвртата во низа титула во Првата женска фудбалска лига.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 27. КОЛО ПЖФЛ:

Речица – Истатов, Ангела Рајчевска (Скопје)
Ас Јунајтед – Скопје, Димитар Левески (Охрид)
Топ Гол – Каменица Саса, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Љуботен – Тиверија Брера, Вјолца Изеири (Гостивар)


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!