Екипата на Шкупи стана шампион во Кадетската суперлига на Македонија за сезоната 2024/2025, а веќе утре ќе има можност да ја заокружи успешната сезона со уште еден трофеј – во финалето од Кадетскиот куп на Македонија против Брера Струмица.
Кадетите на Шкупи оваа сезона имаат импресивен биланс: 18 победи, едно реми и три порази. Постигнаа вкупно 90 погодоци – втор најдобар напад во лигата, зад Шкендија која има 93, а воедно се истакнаа и со една од најдобрите одбрани, примајќи само 25 гола. Со тоа, тимот собра вкупно 55 бодови.
Со одлична работа и максимална посветеност, младите надежи на Шкупи доминираа во текот на целата сезона и заслужено се закитија со шампионската титула.

Утре (23 мај) ќе имаат нов предизвик – финалето од Кадетскиот куп против Брера Струмица. Натпреварот ќе се игра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со почеток во 11:00 часот.