Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука со која Првата македонска фудбалска лига од сезона 2026/2027 ќе се скрати на од 12 на десет екипи.
Дополнително, Втората фудбалска лига ќе се скрати од 16 на 14 екипи од сезона 2026/2027.
Ваквата одлука дефинитивно ќе значи зголемување на конкуренцијата и квалитетот како во Првата, така и во Втората лига. Дополнително ќе биде познато околу начинот на испаѓање и промоција.