Ракомет

Урош Митровиќ ново засилување за Вардар – договор до 2027 година

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Вардар добива сериозно засилување на десната бековска позиција. Репрезентативецот на Србија, Урош Митровиќ, во иднина ќе ги брани боите на македонскиот ракометен гигант.

20-годишниот леворак играч доаѓа од францускиот Тулуз, а зад себе има богато меѓународно искуство и настапи во Полска, Австрија, како и во домашниот шампионат на Србија.

Митровиќ ќе биде дел од „црвено-црната“ фамилија најмалку до јуни 2027 година, со што Вардар добива млад и перспективен играч, кој воедно веќе има настапи и во квалификациите за Европското првенство 2026 година со репрезентацијата на Србија.

Во тековната сезона, тој има одиграно вкупно 39 натпревари во клубот и националниот дрес, при што постигна 34 гола. Покрај Тулуз, во кариерата има настапувано за Брегенц (Австрија), Висла Плоцк (Полска), како и за српските екипи Врбас и Црвенка. Има искуство и во Лига Европа, каде неговата екипа стигна до главната фаза.

„Голема ми е чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло“, изјави Митровиќ.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!