Трета лигаФудбал

ФК Славеј Мешеишта со одлична дебитантска сезона во Трета лига – Југозапад, најавени поамбициозни цели за следната сезона!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Славеј од Мешеишта одигра одлична сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, дебитантот сезоната ја заврши на седмата позиција со 27 бодови на своето конто.

Клубот од Мешеишта забележа осум победи, три ремија и десет порази, притоа постигна 29 погодоци, а прими 38 погодоци.

Клубот преку соопштение најави поголеми цели за следната сезона.

„Вчера, со последниот свиреж на судијата на натпреварот против Евротип Онлајн, ФК Славеј ја заокружи својата дебитантска сезона во Трета МФЛ Југозапад. Сезона која започна со скромна, но јасна цел – обезбедување опстанок – заврши со резултати кои ги надминаа сите очекувања. Не само што останавме во лигата, туку со дисциплинирана игра, борбеност и колективен дух, завршивме на средината на табелата. Во оваа сезона, секој бод беше изборен со многу труд, секоја победа беше тимски подвиг. Нашите фудбалери покажаа карактер, посветеност и срце на теренот – вредности кои се темел на иднината што ја градиме. Голема благодарност до сите кои беа дел од оваа приказна – нашите играчи, стручниот штаб, верните пријатели, поддржувачи и сите што не следеа и не бодреа – и дома и на гостинските терени. Посебна благодарност до жителите на Мешеишта и до нашата дијаспора кои со финансиска и морална поддршка дадоа клучен придонес во овој проект. Исто така, изразуваме искрена благодарност за одличната соработка со ОФС Охрид и ОФС Битола. Благодарение на коректниот однос и професионалната организација, имавме можност да се натпреваруваме во средина која го негува фудбалскиот дух и фер-плејот. Ова не е крај – ова е само прво полувреме од една долгорочна визија. Следува период на анализа, планирање и уште поамбициозни цели за следната сезона“, се вели во соопштението на ФК Славеј Мешеишта.

Клубот во следната сезона 2025/2026 година во Трета лига – Југозапад ќе атакува на повисоки цели.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!