На две кола до крајот во Втората футсал лига на Македонија и официјално екипите на Балкан и Мал Ајакс се нови прволигаши, а од ова трка извиси ланскиот прволигаш Овче Поле од Свети Николе, кој сезоната ќе је заврши на третото место.
Балкан е лидер на табелата со 53 бодови, а пак Мал Ајакс е втор со 51 бод, но тимот од Штип има натпревар помалку во однос на екипата од Скопје.
Но, едно е сигурно, а тоа е дека овие две екипи обезбедија учество во Првата футсал лига на Македонија за следната натпреварувачка сезона.
Тоа значи дека во следната сезона на Првата футсал лига на Македонија ќе се натпреваруваат шампионот Форца, Клими, Проект, Осогово, Шкупи, Кеги Моби, Јувентус Серева, Бутел и новите прволигаши Балкан и Мал Ајакс.