Прва лигаФудбал

Пелистер со голема победа над Беса, Шкупи ја декласираше Струга, Гостивар победнички во Кратово!

Сподели
Сподели

На Градскиот стадион во Гостивар дебитантот Беса се соочи со повратникот Пелистер во меч каде битолчани беа подобри со 2:3 и забележаа огромна победа, а во рамки на 6. коло на Првата македонска фудбалска лига. Вилдан Керим во 9. минута погоди за 0:1, а Ивановски за 0:2 во 27. минута. Во вториот дел Селмани погоди за 1:2, а потоа Катаниќ погоди за 1:3. Во финишот на мечот Селмани со втор гол ги постави конечните 2:3.

Работничи по елиминацијата во првото коло од Купот на Македонија од третолигашот Шкендија Арачиново денес на домашен терен против Брера одигра 1:1. Ристовски погоди за Брера во 26. минута, а Белица во 74. минута погоди за 1:1. Од 52. минута струмичани беа со играч помалку на теренот, откако Руатубјаје заработи црвен картон.

Шкендија на домашен терен се соочи со Воска Спорт од Охрид каде некогашниот шампион од Тетово беше подобар со 5:1. Бесарт Ибраими беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Крстевски, Адеми и Адили, за гостинот од Охрид погоди Јахја.

Екипата на Силекс во Кратово го пречека непоразениот Гостивар кој од Кратово си оди со три бода откако славеше со 1:2. Огузхан погоди за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Зука погоди за 0:2. Во финишот на мечот најдобриот стрелец на Силекс, Марко Ѓорѓиевски погоди за конечните 1:2

Дербито на колото се играше покрај Охридското Езеро каде шампионот Струга Трим Лум беше декласиран од Шкупи со 0:3. Радич си постигна автотол за 0:1, а потоа Фабрице со два гола ги постави конечните 0:3 со што шампионот доживеа тежок пораз на домашен терен.

Дерби се играше и во Кавадарци каде освојувачот на Купот, Тиквеш, играше против Вардар во меч каде голот на Закариќ го реши победникот за минимална победа од 0:1 за Вардар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!