Втора лигаФудбал

Брегалница и Македонија ЃП се „сопнаа“, Кожуф се израмни на врвот, Охрид влезе во длабока резутлатска криза!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По долгата пауза денес второлигашите им се вратија на натпреварите. На Градскиот стадион во Штип се одигра дербито на Истокот меѓу Брегалница и Осогово во меч каде „жетварите“ со гол од финишот го шокираа фаворитот за конечни 1:1. Иван Галевски стрелаше во првиот дел за 1:0 на полувреме, а во вториот дел и двете страни имаа шанси за гол. Симоски се покажа како џокер од клупа откако во 86. минута погоди за конечни 1:1 со што Осогово освои бод голем како планина.

Во Радовиш екипата на Детонит Плачковица предводена од старо-новиот тренер Горан Здравков, кој го имаше своето деби на клупата на радовишани во Купот каде забележа победа над Борец, го пречека екс прволигашот Скопје, а исходот од оваа средба на Градскиот стадион во Радовиш беше минимална победа за Детонит Плачковица со голот на Стефан Бабунски.

Арсими на домашен терен го пречека Новаци каде со минимални 1:0 со голот на Шефит Шефити забележа триумф.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

На стадионот „Благој Истатов“ се соочија поранешните прволигаши Беласица против Победа, каде исходот беше поделба на бодовите. Јовов погоди за струмичани, а пак Кукески за прилепчани.

Борец со новиот тренер Даниел Стојановски денес против Вардарски се израдува на првата сезонска победа, откако велешани со 3:1 славеа во дуелот на повратниците во Втората лига. Флорент Османи погоди за 1:0 во 28. минута. На стартот од вториот дел со два брзи гола Борец ги реши сите дилеми за победникот, откако погодија Петров и Манасиев за 3:0. Во финишот на мечот Танов постигна гол за конечни 3:1.

Во Гевгелија се одигра дерби меч на Кожуф и Вардар од Неготино, каде домаќинот со 3:2 прокнижи нова победа. Гроздановски и Најденов погодија за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Тодоров намалин на 2:1, а пак Гугуљанов постигна гол за 3:1. Во финишот на мечот Павлески ги постави конечните 3:2.

Ланскиот прволигаш Македонија ЃП на домашен терен се лизна откако одигра 1:1 против Каменица Саса. Славков погоди за 1:0 на полувреме, а Таневски во вториот дел ги постави конечните 1:1.

На „Билјанини Извори“ свое соочување имаа Охрид и Башкими, каде гостинот од Куманово во 92. минута со голот на Хасани стигна до победа од 0:1. Охрид сега е „закован“ на дното со само еден гол и повеќе од јасно е дека тука ќе има промени.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!