Младиот фудбалски талент Јован Насев од Гевгелија имаше фантастичен настап на детскиот фудбалски турнир кој се одржа изминатиот викенд во Грција.
Седумгодишниот Насев се истакна со неверојатна ефикасност, постигнувајќи седум голови и четири асистенции, што му ја донесе титулата најдобар стрелец и најдобар играч на турнирот.
Неговиот тим АЕК Паок се натпреваруваше во група заедно со екипите на Ираклис, Волос и Халкидона, каде Јован беше клучен играч во сите натпревари, демонстрирајќи зрелост и талент што ретко се гледа во оваа возраст.
Јован игра со играчи поголеми од неговата возраст , сите очекуваа екипата на Ираклис да го освои турнирот, но кога е најпотребно Јован секогаш го дава својот максимум и придонесува за неговиот тим да освојува пехари и медали со тоа што на секој турнир Јован е се подобар и поефикасен.
Виолета Јанчева, Спортска Мрежа