Утре ќе се одиграат натпреварите од последното 33. коло на Првата македонска фудбалска лига, познати се и судиите кои ќе ја делат правдата.
Во рамки на последното коло екипите на Шкупи и Вардар одмараат, а со оглед на тоа дека е последно коло за Шкупи сезоната е завршена, а Вардар се подготвува за финалето од Купот на Македонија.
Доне Ристовски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Брера Струмица и Работнички, Пларент Салихи ќе им суди на Тиквеш и Струга Трим Лум во Кавадарци.
Алексадар Грујоски ќе биде главен судија во Тетово каде ќе играат Шкендија и Силекс, а пак Стојанче Трпчевски ќе им суди на Пелистер и Беса во Битола.
Сите натпревари од последното 33. коло на ПМФЛ ќе започнат во 17 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 33. КОЛО НА ПРВА ЛИГА:
Пелистер – Беса, Стојанче Трпчевски (Скопје)
Тиквеш – Струга Трим Лум, Пларент Салихи (Тетово)
Брера Струмица – Работнички, Доне Ристовски (Гевгелија)
Шкендија – Силекс, Александар Грујоски (Кичево)