Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Македонија ЃП е прволигаш, Арсими е на чекор од историја, во Штип ќе биде „жешко“ за бараж!

Сподели
Сподели

Откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го поништи скандалозниот натпревар од 28. коло меѓу Кожуф и Башкими, кој се одигра во Гевгелија, има промени на табелата.

Башкими остана без трите бодови кои ги освои во Гевгелија, со тоа сега тимот од Куманово се спушта на третата позција или во бараж зоната со 60 бодови на своето конто и во последното коло кое се игра во недела ќе биде „жешко“ во Штип, бидејќи Брегалница е четврта со 58 бодови и со триумф може да биде и трета и да игра бараж.

Македонија ЃП е нов прволигаш, тимот од Ѓорче се врати експресно во Првата лига, а во недела со триумф ќе го подигне шампионскиот пехар. Екипата на Арсими е пред историја со триумф во Неготино над Вардар, тимот од Чегране ќе заигра за првпат во Првата македонска фудбалска лига.

Во Штип меѓу Брегалница и Башкими ќе се решава кој да игра бараж односно кој да биде трет, па тоа ќе биде „пеколно“ дерби на 30. коло, кое е последно коло.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРАТА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 29 19 7 3 47 8 +39 64
2 ФК АРЕСИМИ-1973 29 19 5 5 51 24 +27 62
3 АД ФК Башкими 1947 Куманово(-3) 29 19 6 4 51 22 +29 60
4 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 29 17 7 5 38 22 +16 58
5 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 29 10 13 6 38 28 +10 43
6 ФК КАМЕНИЦА САСА 29 12 6 11 46 41 +5 42
7 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 29 12 6 11 35 36 -1 42
8 ФК БЕЛАСИЦА АД 29 10 10 9 35 30 +5 40
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 29 8 12 9 27 26 +1 36
10 ФК СКОПЈЕ АД 29 8 12 9 29 30 -1 36
11 ЗФК НОВАЦИ 2005 29 9 8 12 31 31 0 35
12 ГФК ВАРДАР Неготино 29 10 3 16 34 48 -14 33
13 ФК ПОБЕДА АД 29 8 8 13 26 32 -6 32
14 ГФК ОСОГОВО 29 6 8 15 25 44 -19 26
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 29 3 5 21 18 53 -35 14
16 ФК ВАРДАРСКИ 29 3 2 24 21 77 -56 11


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!