Втора лигаФудбал

Бафто ќе го суди „жешкото“ дерби за бараж меѓу Брегалница и Башкими, Ралевски главен во Неготино!

Сподели
Сподели

Во недела ќе се одиграат натпреварите од последното, 30. коло во Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и делегирањата на судиите кои ќе ја делат правдата во овие решавачки дуели.

Најголемото внимание го привлекува дербито меѓу Брегалница и Башкими, директен дуел за третото место и пласман во баражот за Прва лига. Главен судија на овој натпревар во Штип ќе биде искусниот Фатмир Бафто од Охрид.

Во Неготино, каде Арсими ќе брка историја и директен пласман во Првата лига против Вардар Неготино, судијата Благојче Ралевски од Битола ќе ја има главната улога.

Шампионот Македонија ЃП, кој веќе обезбеди промоција, ќе го пречека тимот на Беласица на домашен терен, а средбата ќе ја води Марјан Стојановски од Кичево. „Лавовите“ ќе имаат можност со победа да го подигнат шампионскиот трофеј пред својата публика.

Во Велес, Борец ќе го пречека тимот на Охрид, а натпреварот ќе го суди Дејан Младеноски од Скопје. Во Радовиш, Детонит Плачковица ќе се соочи со Победа, каде делител на правдата ќе биде Јордан Јовановски од Гевгелија.


Во Гевгелија, Кожуф ќе го пречека тимот на Новаци, а судиска должност ќе има Кирил Смоквоски од Прилеп. Во Автокоманда, Скопје ќе ја пречека Каменица Саса, меч на кој ќе суди Александар Василевски од Скопје. Во Кочани, пак, Осогово ќе ги одмери силите со Вардарски, под водство на Сашко Ристов од Струмица.

Сите натпревари од последното коло ќе започнат во 17:00 часот, а љубителите на фудбалот низ земјава очекуваат возбудлив финиш на сезоната, со многу емоции, драма и борба за секој бод.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 30. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Вардар Неготино – Арсими, Благојче Ралевски (Битола)
Македонија ЃП – Беласица, Марјан Стојановски (Кичево)
Борец – Охрид, Дејан Младеновски (Скопје)
Брегалница – Башкими, Фатмир Бафто (Охрид)
Детонит Плачковица – Победа, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Кожуф – Новаци, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Скопје – Каменица Саса, Александар Василевски (Скопје)
Осогово – Вардарски, Сашко Ристов (Струмица)


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!