Ракомет

Шампионот Еурофарм Пелистер го задржа столбот во одбраната – продолжена соработката со Илија Абутовиќ и за следната сезона!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Искуството останува во Битола! Еурофарм Пелистер објави дека постигнал договор за продолжување на соработката со еден од своите најискусни ракометари – Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе го носи дресот на битолскиот тим, каде што ќе има улога на лидер и потпора на младиот состав на шампионот.

„Продолжува нашата тенденција шампионите да продолжат да го носат нашиот дрес и во иднина. Ни претставува особено задоволство што постигнавме договор за продолжување на соработката со Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на нашиот млад тим. Неговата сезона, неговите настапи и победничкиот ген уште еднаш ни потврдуваат дека направивме вистински потег што го доведовме минатото лето“, истакнаа од битолскиот клубот.

Абутовиќ дојде во Битола минатото лето и веднаш се наметна како столб во одбраната на Еурофарм  Пелистер. Неговите настапи, искуство и победнички менталитет беа клучни во шампионската сезона, а клубот ја препозна вредноста на неговиот придонес.

Абутовиќ е добро познато име на балканската и европската ракометна сцена. Својата кариера ја започна во Спартак Суботица во 2006 година, по што следеа настапи за белградски Партизан и словенечки Слован од Љубљана.

Во 2011 година потпиша за македонски Вардар, каде остана седум сезони и стана дел од златната генерација на скопскиот тим. Со „црвено-црните“ ја освои ЕХФ Лигата на шампионите и пет домашни титули, а подоцна ја прифати авантурата во Бундеслигата со Рајн Некар Левен. Во германскиот клуб мина четири сезони, пред да се пресели во Франција, каде играше за Шартр.

Во својата богата кариера, Абутовиќ освои и трофеи во српското првенство и Купот, како и четири изданија на СЕХА лигата.

Со продолжувањето на договорот, Еурофарм Пелистер го задржува не само еден од своите најдобри дефанзивци, туку и важен лидер во тимот кој ќе биде клучен во настапите на домашната и европската сцена и во следната сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!