Ракомет

Ѓорѓески за Спортска Мрежа: Во Битола одиме да се бориме, да изиграме еден добар натпревар

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Екипата на Охрид во рамки на 7. коло од плеј-офот на ракометната Суперлига ќе гостува во Битола, каде ќе се соочи со актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа истакна дека натпреварот против шампионот ќе биде тежок, притоа додава дека се соочуваат со повредени играчи, но во Битола одат да се борат и да одиграат еден добар меч.

„Во сабота нè очекува еден тежок натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер, на гостински терен. Ние максимално се подготвуваме за овој натпревар. Иако сè уште имаме проблеми со повредени играчи, не се предаваме и одиме во Битола да се бориме, да го дадеме својот максимум и да изиграме еден добар натпревар“, изјави Ѓорѓески за Спортска Мрежа.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, со почеток од 18 часот. Судиска двојка ќе биде Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје, а пак Славчо Каланоски од Струга ќе биде делегат на мечот.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!