Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе им судат на Вардар и Бутел, Начевски и Николов ќе судат во Битола!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Делегирани судиите за седмото коло од плеј-офот и плеј-аутот на ракометната Суперлига.

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РМФ) беа извлечени судиските парови.

Во петок со почеток од 18 часот ќе се соочат Варар и Бутел во салата „Антон Димитров“, каде судиска двојка ќе биде Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, а делегат ќе биде Камер Металари од Скопје.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје ќе го судат дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид, кое се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а делегат ќе биде Славчо Каланоски од Струга. Овој меч ќе се игра во сабота со почеток од 18 часот.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Алкалоид е одложен за 28 мај, а ќе се игра во СЦ „Јасмин“ во Кавадарци. Овој меч ќе го судат Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје, а делегати ќе бидат Драган Начевски од Скопје и Васил Чавдаров од Богданци.

Во рамки на 7. коло на плеј-аутот ќе се одиграат два од три натпревари, Радовиш ќе биде слободен бидејќи требаше да игра со Борец ФЛ кој е исфрлен од натпреварување.


Сабота од 12 часот ќе играат Куманово и Струга во кумановската сала „Перо Наков“, а судиска двојка ќе биде Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, додека пак делегат на мечот ќе биде Владимир Саздовски од Скопје.

Во сабота со почеток од 18:30 часот во спортската сала „Македонско Сонце“ во Скопје, ќе се соочат Пролет и Прилеп. За судии делегирани се Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје, а Лери Мически од Скопје ќе биде делегат на натпреварот.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!