ФудбалЧетврта лига

ФОТО: На одличниот терен во Агино Село ќе се игра плеј-офот на ОФЛ Куманово за влез во Трета лига – Север!

Сподели
Сподели

tЗавршницата од Општинската фудбалска лига на Куманово или Четвртата лига по ранг на натпреварување ќе се одигра на фудбалскиот терен во Агино Село.

На овој фудбалски терен кој е перфектен и во многу наврати има известувано Спортска Мрежа за одличните услови кои ги нуди овој терен ќе се одигра плеј-офот за влез во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Од фудбалскиот клуб Македонија Агино истакнаа дека ќе го дадат максимумот за да има одлична организација на завршницата.

„Почитувани љубители на фудбалот, сакаме да ве известиме дека нашиот терен е избран за организирање на плеј-оф натпреварите за бараж во повисок ранг! Нашиот тим заедно со управата ќе го даде максимумот за да биде организирано на највисоко ниво! За љубителите на фудбалот сакаме да ве известиме дека може да уживате и на ладно пиво и добро мезе со уште подобро друштво“, се вели во соопштението на ФК Македонија Агино.

Во сабота со почеток од 15 часот се игра првиот меч меѓу Лопате и Четирце, додека пак од 17 часот ќе се соочат Јуниор со Победа.

Победниците од овие два натпревари ќе се соочат во финалето кое е закажано за 25 мај, а победникот од финалето може да обезбеди и директен влез во Трета лига – Север, но може да игра бараж со еден од шампионите во останатите Општински лиги кои територијално припаѓаат на ТМФЛ – Север, тука се скопските општински лиги, ОФЛ Липково и ОФЛ Куманово.

Во текот на следните денови ќе информираме подетално околу пласманот во Трета лига – Север.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за историскиот настап во елитното друштво, а најново име во ростерот е...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството во Првата женска фудбалска лига, откако „црвено-црниот“ дрес го облекуваат Елма...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!