Ракомет

Охрид домаќин на завршницата од Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По кратка пауза, ракометниот Куп на Македонија повторно ќе се решава во Охрид. Ракометната федерација на Македонија го потврди градот Охрид како домаќин на завршниот Ф4 турнир, кој ќе се одигра на 31 мај и 1 јуни во спортската сала „Билјанини Извори“.

Првичниот план беше завршницата да се одржи претстојниот викенд, но поради настапот на Алкалоид во финалето на Европскиот куп на ЕХФ, турнирот е одложен за крајот на месецот.

На турнирот ќе учествуваат четирите најдобри екипи: Алкалоид – актуелниот освојувач на Купот, Еурофарм Пелистер, Вардар и домаќинот Охрид, кој ќе се обиде да приреди изненадување на домашен терен.

Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи на 21 мај, кога ќе стане јасно кој со кого ќе се соочи во борбата за финале. Охрид повторно добива можност да биде центар на македонскиот ракомет, со надеж за уште еден спектакуларен завршен турнир.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!