Турнири

ФОТО: Четврта вечер на Враништа 2025 – спектакл на голови и доминација, минималец за Бурмел, десетка на Кафе Бар 9

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“ продолжи со полна пареа и во својата четврта вечер понуди уште четири возбудливи натпревари пред преполните трибини. Атмосферата на теренот беше на ниво, а екипите уште еднаш покажаа колку значи турнирот за регионот – со борбеност, страст и многу голови.

Во првиот меч, Кафе бар 9 уште еднаш го потврди своето фудбалско реноме, убедливо совладувајќи ја екипата на Лавови Струга со високи 10:3. Тимот демонстрираше импресивна офанзива и ефикасност, оставајќи малку простор за противникот.

Следеше натпреварот помеѓу Брумел и Коза Ностра Нова, кој беше целосна спротивност – дефанзивен, тактички и неизвесен до последниот свиреж. Победникот беше решен со само еден гол, а Брумел славеше со 1:0, покажувајќи зрелост и дисциплина во клучните моменти.

Во третата пресметка, Сатеска направи значаен чекор напред со победата од 3:1 над екипата на Аце Најдески. Со организирана игра и цврста одбрана, Сатеска заслужено ги впиша првите три бода на своето конто.

Четвртата средба донесе нова уверлива победа, овојпат за Том Гор, кој беше пресилен за Саше – Фин и славеше со 6:1. Тимот одигра доминантно во сите сегменти на играта и се прикажа како сериозен кандидат за елиминациската фаза.

 

Со овие резултати, турнирот „Враништа 2025“ влегува во својата најинтересна фаза, каде бодовите стануваат сè поважни, а секој натпревар носи дополнителна тежина. „Спортска Мрежа“ како медиумски покровител и понатаму ќе биде тука да ја пренесе секоја емоција и секоја акција од теренот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната лига, а по успешниот старт против Партизан, битолчани повторно ќе играат...

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!