ФудбалФутсал

ВИДЕО: Даниел Радески со гол каков што ретко се гледа – испрати проектил преку цела сала за спектакуларен погодок што ќе се прераскажува!

Сподели
Сподели

На натпреварот меѓу Партизан Југ и Конзули кој се одигра во Брвеница во мечот од 23. коло на Втората футсал лига, искусниот Даниел Радески постигна спектакуларен гол, кој дефинитивно ќе биде можеби и гол на сезоната.

Радески доби топка од домашниот голман Мартин Јанески, кој потоа само се намести и веднаш од неговиот гол испрати проектил, топката ја „прелета“ целата сала и заврши во противничкиот гол, а голманот на Конзули беше немоќен да интервенира.

Овој гол ги собра аплаузите на публиката, а дефинитивно ќе остави голема трага во македонскиот футсал и ќе се памети долго.

ВИДЕО: Тетовски Спорт

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Како ќе изгледа Првата лига за сезона 2026/2027

Првата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе биде во скратен форма, наместо 12 екипи како во сезоната која измина, следната сезона ќе...

Втора лигаФудбал

Како ќе изгледа Втората лига следната сезона?

Со одигрувањето на баражите за Втора и Прва лига познат е изгледот на Втората македонска фудбалска лига за следната сезона. Од минатата сезона...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Како ќе изгледа Првата лига за сезона 2026/2027

Првата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе биде во скратен форма,...

Втора лигаФудбал

Како ќе изгледа Втората лига следната сезона?

Со одигрувањето на баражите за Втора и Прва лига познат е изгледот...

Втора лигаФудбал

Струмица следната сезона ќе гледа градско дерби во Втората лига

Струмица од следната сезона повторно ќе има градско фудбалско дерби, но во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!