Фудбал

Омерагиќ на работна средба во Битола, подготовка на стадионот „Петар Милошевски“ за квалификацискиот меч меѓу Македонија – Италија У-21

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, заедно со претседателот на ОФС Битола, Златко Талевски, во Битола оствари работна средба и состанок со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Целта на посетата беше увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, како дел од подготовките за квалификацискиот натпревар на репрезентациите на Македонија и Италија до 21 година, закажан за 9. септември во Битола.

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на исполнување на сите технички и инфраструктурни критериуми, согласно утврдени стандарди, со цел стадионот во Битола да добие лиценца за организација на УЕФА меѓународни натпревари.

Претседателот Масар Омерагиќ со градоначалникот Тони Коњановски, разговааа за заедничка координација и обврските на општината и ФФМ во подготовките.

„Ќе направиме сѐ што е потребно стадионот во Битола да ги исполни сите критериуми и да добие УЕФА лиценца. Целта ни е Битола да биде подготвена и достојно претставена како домаќин на меѓународни натпревари на македонските репрезентации.“

ФОТО: ФФМ

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Пицерија Дивино со лото победа, Џокер Фурка со убедлива победа на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – два натпревари кај јуниорите и два натпревари кај...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река – ова беше пресметка на двата лански второлигашки, а лидерот беше подобар...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!