Започнува битката за тоа која да биде шампион на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) или Четврта лига по ранг на натпреварување во Прилеп. Натпреварите од плеј-оф полуфиналето се играат во среда и четврток на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Првиот полуфинален меч е се игра во среда меѓу Млекар од Мало Коњари и Гарван од Десово. Натпреварот ќе започне во 17 часот.
Вториот полуфинален натпревар ќе се одигра в четврток, од 17 часот, каде ќе соочат Кадица од Забрчани и Кадино од Кадино Село.
Победниците патуваат во големото кое ќе се одигра на 24 мај со почеток од 16 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, каде победникот обезбедува влез во Третата македонска фудбалска лига – Југ.