Кошарка

Баскет Кам и Крива Паланка се во финале на женскиот кошаркарски плеј-оф

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Екипата на Крива Паланка е вториот финалист на плеј-офот во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија. Во третата пресметка од полуфиналната серија, кошаркарките од Крива Паланка доминираа и забележаа убедлива победа над Бадел 1862 со 80-55, за конечни 2-1 во серијата.

Со оваа победа, Крива Паланка за првпат во историјата на клубот обезбеди место во големото финале, каде ќе се соочи со актуелниот шампион, екипата на Баскет Кам, која претходно во два натпревари ја елиминираше МЗТ Скопје Аеродром.

Домашните кошаркарки имаа силен почеток, а веќе во првата четвртина го поставија темпото, обезбедувајќи предност од 25-9. На полувремето, разликата беше скоро двојна (40-21), а кога стана јасно дека Бадел 1862 нема сили за уште едно изненадување, конечниот резултат беше само потврда на доминацијата на Крива Паланка.

Робинсон беше најдобра во победничкиот тим со 28 поени, Меклејни со 19, а капитенката Алексовска постигна 13 поени. На спротивната страна, капитенката Маркоска заврши со 13 поени, додека Петрушевска постигна 10 поени.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Кошарка

Бадел 1862 го „урна“ шампионот Баскет Кам, Крива Паланка изби на врвот!

Третото коло од вториот дел од сезоната во женската Прва лига донесе...

Кошарка

Кожув го урна шампионот, Феникс славеше во Чаир, Гостивар сигурен против Маџари

Кошаркарската Суперлига донесе возбудливи натпревари во 20. коло, во кои Кожув приреди...

Кошарка

Четири екипи, една цел: Почнува плеј-офот за влез во Првата кошаркарска лига

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!