Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од последното 18. коло на Третата македонска фудбласка лига – Исток, а кои ќе стартуваат во 17 часот.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите пет натпревари од последната рунда. Шампион е Слога од Виница, која се подготвува за баражот за Втора лига.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 18. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
Хоризонт Турново – Тиверија, Сашко Ристов (Струмица)
Малеш – Брегалница Делчево, Александар Ананиев (Кочани)
Овче Поле – Слога Виница, Игор Филипов (Штип)
Карбинци – Светлост Зрновци, Блаже Петковски (Миравци)
Дојранско Езеро – Ударник, Иван Јанев (Штип)