КупМладински фудбалФудбал

ФОТО: АП Брера Струмица доминира во младинскиот фудбал – три генерации пред освојување Куп титули!

Сподели
Сподели

Академија Пандев Брера од Струмица уште еднаш ја потврдува својата водечка улога во развојот на млади фудбалски таленти во Македонија. Клубот се пласира во финалето на Купот на Македонија со сите три младински категории — пионери, кадети и младинци — со што стана единствениот клуб кој ќе има тројна финална претстава оваа сезона.

Во полуфиналните натпревари, пионерите беа убедливи против ФК Македонија ЃП, славејќи со 3:0, и во финалето ќе се соочат со екипата на ФК Пелистер. Кадетите одиграа возбудлив меч против ФК Работнички, кој го добија со 3:2, и финалниот предизвик за нив ќе биде екипата на ФК Шкупи. Младинците, пак, во полуфиналето минимално ја совладаа екипата на ФК Вардар со 1:0, со што обезбедија пласман во финалето против ФК Брегалница.

Овој историски успех е потврда за квалитетната и професионална работа која се спроведува во Академијата. Преку посветена работа на тренерите и континуиран развој на младите фудбалери, клубот ја гради иднината на македонскиот фудбал. Академија Пандев-Брера веќе важи за расадник на таленти, што го потврдува и бројот на репрезентативни повици за младите категории на македонската национална селекција.

Минатата сезона младинците и помладите пионери станаа шампиони во своите конкуренции, а оваа година клубот има реална шанса да направи историја со освојување на три Куп-титули.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!