Академија Илинден не го одигра денешниот натпревар со шампионот Шкендија Арачиново, па тоа значи службена победа од 0:3 за тимот од Арачиново.
Домашниот тим во рамки на денешното вонредно 24. коло не се појави на теренот.
„На натпреварот не се појави домашната екипа ФК Академија Илинден. Во закажаниот термин присутни играчите и претставниците на ФК Шкендија Арачиново 77, делегатот и судиската тројка. По 30 минути чекање не се појави ниту претставник на домашната екипа“, се вели во официјалниот записник од мечот.
Согласно член 80 од Правилникот за натпреварување на ФФМ, натпреварот се регистрира со службен резултат 0:3.
Беса Слупчане и Пчиња ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. За домашниот тим стрелец беше Мерван Фетаи во 10. минута, а за гостинто погоди Јованчо Цаневски во 43. минута.
Дури девет голови беа постигнати во Бутел на мечот меѓу Башкими Љуботен и Аеродром за победа на домаќинот од 6:3. Мечот беше решен уште во првиот дел кога резултатот беше 5:0 за домашниот тим со двата гола на Исени и погодоците на Јусуфи, Курти и Фетаи. Во вториот дел Аеродром намали на 5:3 преку Ристов, Мицевски и Киранџиски, а пак Чупи стрелаше за конечни 6:3.
Њу Старс и БВК Коњре ги поделија бодовите во реми со четири голови (2:2). За гостинот Јусуфи постигна гол во 37. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Стојановски израмни на 1:1, а потоа Орхан Мифтар постигна гол за 1:2 и ново водство на гостинот. Сепак во 83. минута домашниот тим извлече бод преку втор гол на Стојановски.
Куманово триумфираше над Ржаничино во меч со седум голови за конечни 2:5. За домашниот тим Мартин Лазев беше двоен стрелец со по еден гол во првиот и вториот дел, за гостинот Јовановски беше двоен стрелец, а по едне гол постигнаа Мемеди, Бакиевски и Стојановски.
Поранешниот второлигаш Кадино забележа голема победа над Фортуна со резултат од 3:4. За домашниот тим Сефо беше стрелец на еден гол, а пак Реџепи беше двоен стрелец, за гостинската екипа Тасески постигна два гола, а по еден гол постигнаа Наумовски и Попоски.
Риниа на домашен терен загуби од екс прволигаш Еуромилк ГЛ, а во кој натпревар беа постигнати неверојатни 12 гола за конечни 4:8.
Арифи, Сума, Емини и Елмази беа стрелци за домашниот тим, за гостинот четири гола постигна Ахмед Бакијов, а по еден гол постигнаа Трифуновски и Исмаиловски, а пак Петрушевски погоди двапати.