Втора лигаФудбал

ФФМ веднаш реагираше со соопштение: Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) експресно реагираше за случувањата во Гевгелија односно за натпреварот меѓу Кожуф и Башкими.

Иако во самото соопштение не се спомнати екипите, сепак јасно е дека станува збор за натпреварот во Гевгелија, од денешното 28. коло на Втората лига.

Во продолжение целосното соопштение на Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.

Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот.

Она што го видовме е срамно и неприфатливо.

Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици.

Очекуваме целосни извештаи од официјалните лица на натпреварот, по што ќе бидат преземени сите мерки во рамките на нашата надлежност.

Нема да има заштитени – секој што со своето однесување го нарушил интегритетот на натпреварувањето ќе биде соочен со одговорност.

Нашата цел е јасна: фудбал без дамка, натпревари во кои резултатите се одлучуваат на теренот, а не зад кулисите.

ФФМ останува цврсто определена да стави крај на нечесните практики и да го врати достоинството на македонскиот фудбал.

Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал.

Во соработка со МВР и надлежните институции ќе преземеме сè што е потребно ваквите случаи да добијат соодветен епилог.

Натпреварот заврши со резултат од 1:2 за Башкими, откако со гол во 94. минута го победи Кожуф во Гевгелија.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Вечерва во Богданци гостува Алкалоид: Младост ќе има поддршка, салата „Млаз“ ќе биде полна

Вечерва во рамките на 4. коло на ракометната Супер лига во Богданци ќе гостува Алкалоид, кој како фаворит доаѓа во салата „Млаз“, која...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Време е за Швајцарија: Македонија подготвена за новиот предизвик

Македонската А-репрезентација ги привршува подготовките за првиот меѓусебен натпревар со Швајцарија. Дуелот против еден од најквалитетните европски национални тимови е закажан за в...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа...

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!