Останато

Сребро за Милијана Рељиќ на „Шведска опен“ и нови бодови на патот кон Лос Анџелес 2028!

Сподели
Сподели

Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои сребрен медал на престижниот меѓународен турнир во Шведска во Г1 категорија и додаде нови 7,20 поени на своето конто за олимписката ранг-листа на патот кон Летните олимписки игри Лос Анџелес 2028.

Рељиќ имаше одличен настап – во првото коло ја совлада Нора Хогфелт од Шведска со 2-0, потоа ја победи и шведската репрезентативка Тиндра Андерсон, исто така со 2-0. Во полуфиналето извојува тешка, но заслужена победа над Чиа Веи Ванг од Тајпеј со 2-1 во рунди.

Во финалето се соочи со Хрватката Дора Мештровиќ, каде загуби во неизвесна борба, за која тренерот Александар Ефтимов вели дека беше решена од неколку спорни судиски одлуки. „Оваа борба можевме да ја добиеме, Мила веќе ја има победено Дора пред 1,5 година на Европското првенство до 21 година во Романија“ истакна тренерот Александар Ефтимов.

Македонија имаше свои претставници и во младата генерација. Христијан Симоновски и Давид Божиновски од Таеквондо клубот „Младост“ го имаа своето деби во сениорска конкуренција. И покрај тоа што настапуваа за првпат на вакво ниво, двајцата покажаа квалитетни борби и борбеност, оставајќи впечаток дека македонското таеквондо има светла иднина.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели
Поврзани написи
Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе...

Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!