Втора женска фудбалска лигаФудбал

Кочани стана шампион и влезе во Прва лига – победнички гол на Милеска, реми во Валандово, Билјанини Извори пресилен!

Сподели
Сподели

Екипата на Кочани е шампион во Втората женска фудбалска лига, откако во последното 14. коло го доби дербито со Вардар со минимални 0:1, благодарение на голот на искусната Катерина Милеска.

Кочани, предводен од Оливер Јовановски, се враќа во Првата женска фудбалска лига, додека Вардар ќе игра бараж за можен влез, па сега ќе се чека разврската во Првата лига – дали тоа ќе биде Речица или Ас Јунајтед.

Кочани стана шампион со учинок од 13 победи и едно реми, притоа тимот имаше постигнато 96 гола, а прими само осум гола или тоа нзачи дека шампионот го имаше најефикасниот напад и најдобрата одбрана во лигата.

Вардар предводен од Теодора Димитровска ќе се подготвува за нов бараж, минатата година вардарски не поминаа преку баражт во Втора лига, а сега поискусни за еден бараж ќе се обидат да обезбедат историски влез во елитата.

 

ФОТО: Кочани – Вардар

Натпреварот започна со една минута молк во чест на загинатите од големата трагедија во Кочани, а фудбалерките на Вардар на теренот излегоа со црни маички во знак на почит кон починатите.

ФОТО: Кочани – Вардар

Во Валандово немаше победник, откако Победа и Плачковица ремизираа играјќи 1:1. За домаќинот погоди Викторија Петкова во 33. минута, а за гостите од Радовиш стрелаше Викторија Лазова во 80. минута.


Екипата на Билјанини Извори со убедливи 1:6 го декласираше Порече во Македонски Брод. Стефанија Ристова и Ева Андонова беа двојни стрелци, а по еден гол за охридскиот тим постигнаа Марија Јулчовска и Викторија Стојаноска. За домашниот тим погоди Ангела Наумоска во 76. минута.

ФОТО: Порече – Билјанини Извори

На натпреварот во Македонски Брод му беше оддадена почит на Николче Здравески кој ненадејно почина, а беше легендан фудбалер на Победа и остави голема трага и како фудбалер и тренер во мак-фудбалот. Капитенката Јована Ѓорѓиоска Блажеска беше во црна маичка посветена за Здравески.

Вчера, екипата на Слободен со 3:2 го совлада Борец за прва историска победа – извештајот е достапен на Спортска Мрежа.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!