Рекорден број на погодоци во 23. коло на Трета лига – Север, постигнати неверојатни 51 гол.
Шампионот Шкендија од Арачиново со 16:1 го торпедираше тимот на Ржаничино, а на истиот меч Десниќ, Љиварека и Дани постигнаа по три гола, Саљихи постигна два гола, а по еден гол Чилафи, Алити, Исени, Чалафи и Сулејмани.
За гостинската екипа во вториот дел поточно во 48. минута Саздовски беше единствен стрелец.
БВК Коњаре со сигурни 2:0 славеше над Академија Илинден, а мечот беше решен во вториот дел преку Салихаси и Мифтар.
Аеродром и Њу Старс ги поделија бодовите играјќи 2:2, а сите погодоци беа постигнати во вториот дел. Каланоски беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Силјановски и Блажески.
Екс прволигашот Еуромилк ГЛ на домашен терен загуби од Башкими Љуботен во натпревар со постигнати седум гола за 3:4. Малов и Трифуновски погодија за тимот од Горно Лисиче во првиот дел, а Сали во вториот дел.
За гостинот Јусуфи и Исени погодија во првиот дел, а Фетаи и Суља во второто полувреме.
Голема и важна победа забележа нојвалијата Пчиња од 3:1 на домашен терен над Фортуна, откако Стојчевски го отвори мечот во 8. минута, а Реџепи во 17. минута израмни. Димков во 33. минута погоди за 2:1 на полувреме. Во вториот дел печат на победата стави Цветковски за 3:1.
Во Доброшане беа постигнати 11 гола за победа на Беса од Слупчане од 5:6 над ланскиот шампион Куманово кој не го помина баражот за Втора лига.
За гостинот пет гола даде Мерван Фетаи, а еден гол постигна Харун Касуми. За домашниот тим стрелци беа Реџепи, Стојановски и Бакиевски во првиот дел, а во второто полувреме стрелаа Велиновски и Стевчевски.