Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец ќе поднесе жалба до ФФМ за арбитражата на Спасова по поразот од Слободен

Сподели
ФОТО: ЖФК Борец
Сподели

Второлигашот Борец со пораз ја заврши сезоната во Втората женска фудбалска лига, откако на гостински терен загуби со 3:1 од дебитантот Слободен, па така велешкиот тим завршува на дното од табелата.

Веднаш по натпреварот од женскиот фудбалски клуб Борец истакнаа дека ќе поднесат жалба за арбитражата на судијката Александра Спасова.

„На денешниот натпревар помеѓу екипите на ЖФК Слободен и ЖФК Борец бевме сведоци на катастрофално судење од страна на судијката Александра Спасова од с. Мустафино, Свети Николе. Досудени беа 2 пенали за тимот на ЖФК Слободен и црвен картон за ЖФК Борец со што нанесе огромна штета на ЖФК Борец. ЖФК Борец ќе поднесе жалба до соодветните инстанци на Фудбалска Репрезентација на Македонија (ФФМ). До кога непрофесионални и аматери судии ќе судат во ВФЖЛ и ќе допринесуваат да се изгуби смислата на играта и да се демотивираат девојките?“, се вели во соопштението на ЖФК Борец.

Последното 14. коло на Втората женска фудбалска лига ќе се комплетира утре со останатите три натпревари.


Сподели
Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!