Втора женска фудбалска лигаФудбал

Слободен се израдува на првата сезонска победа, откако го совлада Борец!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Дебитантот Слободен конечно се израдува на првата сезонска победа, откако во рамки на воведниот меч од последното 14. коло на Втората женска фудбалска лига со 3:1 триумфираше над Борец од Велес.

Повеќе моменти треба да се истакнат за денешниот меч, домашниот тим немаше ниту една фудбалерка на клупата за резерви, а велешкиот тим допатува со само една фудбалерка на клупата за резерви.

Во првиот дел немаше погодоци, мрежите беа мирни и на двете страни, па во второто полувреме и двете екипи ги бараа трите бодови.

На стартот од вториот дел капитенката на домашната екипа Јана Ацковска постигна гол за водство од 1:0, а тоа предизвика голема радост кај домашниот тим. Во 52. минута екипата на Борец остана со играч помалку на теренот, откако Тамара Милошевиќ заработи директен црвен картон, а причината за доделување на истиот како што е заведено во записникот е неспортско однесување.

И со играч помалку на теренот Борец успеа да израмни на 1:1 во 61. минута преку Ема Неделкова.


Во 85. минута Александра Спасова покажа на белата точка, а Ацковска беше сигурна од белата точка за 2., а три минути подоцна Спасова досуди уште еден пенал за домашниот тим, овој пат Лилјана Бошнаковска постигна гол од белата тока за конечни 3:1.

Едно е сигурно, Борец сезоната ја завршува на последното место со четири бодови на своето конто, а пак Слободен може да заврши на шестото место, но ќе мора да го сочека утрешниот меч меѓу Победа Валандово и Плачковица, бидејќи со реми или триумф екипата од Валандово ќе биде шеста, а Слободен ќе биде седми.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!