Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дерби на Каменица Саса и Ас Јунајтед, Тиверија Брера гостува кај Скопје

Сподели
Сподели

Во недела на програмата се натпреварите од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Екипата на Скопје на домашен терен ќе се соочи со Тиверија Брера која на стартот од новата сезона е максимална и во Пржино ќе ја бара петтата победа во низа.

Скопје во новата сезона има скор од три победи и еден пораз, наспротив струмичанки кои ќе бидат фаворити на мечот во Пржино. Натпреварот ќе започне во 16 часот, а главен судија на истиот ќе биде Вјолца Изеири.

Дербито на 5. коло се игра во Македонска Каменица каде ќе се соочат екипите на Каменица Саса и Ај Јунајтед. Дуел на две екипи кои сакаат три бодови како единствена опција. Саса го загуби големото дерби со актуелниот шампион Љуботен во Тетово, а пак Ас Јунајтед не тргна според планот забележа една победа и два порази во трите меча што ги одигра досега.

Тоа го прави овој меч да биде неизвесен и полн со мотив за борба на теренот за освојување на целиот „плен“. Главен судија на мечот ќе биде Виктор Јанчевски од Скопје, а стартот е во 15 часот.

Во кумановска Речица со почеток од 16:30 часот ќе се сретнат екипите на Речица и шампионот Љуботен во меч каде гостинот од Тетово е апсолутен фаворит за трите бодови. Квалитетот прави огромна разлика меѓу овие две екипи. Задолжен за правдата на овој меч ќе биде Спире Арсов.

Во Битола силите ќе ги одмерат екипите на Топ Гол и Истатов во меч каде домашниот тим кој минатата сезона преку бараж го избори опстанокот ќе атакува на прва победа во новата сезона, а ќе го бара и првиот погодок во новата сезона против Истатов, кој пак во новата сезона од три меча има една победа и два порази.

Мечот ќе започне во 16:30 часот, а правдата ќе ја дели Драган Стевановски.

Во рамки на петтата рунда екипата на Атлетико од Битола ќе биде слободна, бидејќи требаше да игра со откажаната Шкендија, а тоа прави во секое коло да има по една слободна екипа.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 5. КОЛО ПРВА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Скопје – Тиверија Брера, Вјолца Изеири (Гостивар)
Каменица Саса – Ас Унитед, Виктор Јанчевски (Скопје)
Речица – Љуботен, Спире Арсов (Кочани)
Топ Гол – Истатов, Драган Стевановски (Велес)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. септември 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Напредок слави голема победа, триумф за Тетекс и Влазерими, Дрита пресилна!

Денес беа одиграни четири натпревари од второто коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад. Во дербито на Напредок и Љуботен кое се...

Ракомет

Вардар преку Маргели до победа во Радовиш

Повеќекратниот македонски и двократен европски шампион Вардар сосема очекувано славеше во СРЦ “25 Мај” во рамки на 3. коло на Суперлигата над повратникот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Напредок слави голема победа, триумф за Тетекс и Влазерими, Дрита пресилна!

Денес беа одиграни четири натпревари од второто коло на Третата македонска фудбалска...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу: Навистина е тежок и исцрпен период за 10 дена четири натпревари!

Второлигашите се пред сериозен тест со густиот распоред за одигрување на натпреварите,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Победа Валандово 16 со настан за промовирање на женскиот фудбал „Отворен ден за фудбал“

Женскиот фудбалски клуб Победа Валандово 16 организира настан „Отворен ден за фудбал“...

КупФудбал

Погледнете каква беше атмосферата на Куп натпреварот меѓу Кожуф и Арсими

Во рамки на првата фаза од Купот на Македонија екипата на Кожуф...

© 2024 СПОРТСКА МРЕЖА. Сите права се задржани.