Втора женска фудбалска лигаФудбал

Порече против големиот фаворит Кочани, Вардар оди во Велес, Плачковица домаќин на Билјанини Извори

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВA
Сподели

Утре се играат натпреварите од 2. коло во Втората женска фудбалска лига, кое носи интересни средби.

Двете екипи кои тргнаа одлично во новата сезона со по пет постигнати погодоци ќе се судрат во Македонски Брод. Порече ќе биде домаќин на големиот фаворит за Прва лига екипата на Кочани.

Порече новата сезона ја отвори одлично со 0:5 над дебитантот Слободен, во меч каде Јована Ѓорѓиоска Блажеска со четири погодоци сама го сруши новиот второлигаш, а од друга страна со неколку прволигашки засилувања Кочани го декласираше тимот на Билјанини Извори.

Дербито на колото дефинитивно се игра во Македонски Брод, Порече како главен адут ја има Јована Ѓорѓиоска Блажеска, а пак Кочани има неколку прволигашки засилувања како Кате Милеска, Ангела Стојковска и Афродита Салихи.

Натпреварот ќе започне во 13 часот, а правдата ќе ја дели Бенарт Зеќири.

Плачковица на домашен терен како фаворит ќе го пречека тимот на Билјанини Извори во меч каде и двете екипи ќе атакуваат на победа, а Плачковица по големото реми со Вардар и можноста да се врати и со три бода од Скопје се силен мотив за тимот од Радовиш да дојде до три бода против гостинот од Охрид.

Билјанини Извори имаше дебакл на стартот од новата сезона, но тој меч е минато за охриѓанки кои во Радовиш доаѓаат да го поправат лошиот впечаток и да освојат бодови.

Мечот ќе започне во 12 часот, а правдата ќе ја дели Методија Костов.

Борец на домашен терен ќе се соочи со фаворитот Вардар, кој пак на старот од новата сезона се сопна и одигра само 2:2 против Плачковица, во меч каде вицешампионот бркаше негатива од радовишкиот тим.

Борец во средата загуби во Валандово, со четири дена одмор ќе се обиде да дојде до триумф против Вардар кој е фаворит.

Натпреварот во Велес ќе започне во 11 часот.

Слободен на домашен терен ќе го пречека тимот на Победа Валандово 16 во натпревар каде дебитантот ќе се обиде да го поправи лошиот впечаток на стартот од сезоната, откако истата ја отвори со убедлив пораз од 0:5 од екипата на Порече.

Победа тргна со триумф во новата сезона откако дома славеше над Борец, а сега ќе бара нова победа.

Иако во гостински терен сепак Победа Валандово 16 има предност со своето искуство, во однос на Слободен кој е дебитант во лигата.

Натпреварот ќе започне во 15 часот, а правдата ќе ја дели Анастасија Брајковска (Скопје)

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 2. КОЛО ВТОРА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Порече – Кочани, Бенарт Зеќири (Кичево)
Плачковица – Билјанини Извори, Методија Костов (Велес)
Борец – Вардар, Николче Димовски (Велес)
Слободен – Победа Валандово 16, Анастасија Брајковска (Скопје)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Со ваква одбрана имаме шанса против Швајцарија и Украина

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, имаше пофални зборови за своите кошаркари, особено за пристапот...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пораз на јуниорките од Естонија за крај на Европското првенство

Македонската јуниорска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа со пораз од Естонија со 64:76, во последниот натпревар...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Скопје до голем бод против Струга, Наумовски блескаше на голот

Фудбалерите на Скопје приредија пријатно изненадување во второто коло од Првата македонска...

Прва лигаФудбал

Шкендија го освои првото големо дерби, Тамба двапати стрелаше за пораз на Вардар

Шкендија со триумф го напушта првото големо дерби во новата сезона на...

ИнтернационалциФудбал

Салим Арифи пред нов голем чекор: Анталија тргна по прилепскиот голгетер кој експлодираше во Косово!

Суперталентираниот прилепски напаѓач Салим Арифи продолжува да го привлекува вниманието со своите...

Прва лигаФудбал

Наумовски: Сакаме да останеме непоразени против Струга Трим Лум

Новиот прволигаш ФК Скопје има тежок распоред на стартот на сезоната во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!