КупФудбал

ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум подготвени за спектакл – финалето на Купот добива ВАР!

Сподели
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, вчера одржа средба со претставниците на ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум – клубовите што ќе се соочат во финалето на Купот на Македонија.

Големото финале е закажано за 21 мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и ќе претставува вистински фудбалски спектакл.

Средбата беше фокусирана на финалните подготовки и организацијата на настанот, со заедничка заложба истиот да помине во фер атмосфера, со фер-плеј и спортско навивање, каде ќе победи подобриот тим.

На состанокот присуствуваа и претставници на Судискиот одбор, со акцент на транспарентноста и унапредувањето на довербата во судењето. За таа цел, на натпреварот ќе биде користена ВАР технологија, што е голем чекор напред за македонскиот фудбал.

Иницијативата за воведување на ВАР во финалето доаѓа лично од претседателот Омерагиќ, како дел од поширока соработка со фудбалските федерации од регионот, насочена кон унапредување на судиските стандарди и објективноста.


Финалето од Купот на Македонија ќе биде пренесувано во живо на телевизија, а ФФМ најави дека ќе направи сè што е потребно за натпреварот да биде организиран на највисоко ниво – во интерес на клубовите, навивачите и иднината на македонскиот фудбал.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!