Фудбал

Голема загуба за македонскиот фудбал, ненајдено почина Николче Здравески од Прилеп

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбал и прилепската Победа претрпеа голема загуба. Во својата 54-та година од животот, почина Николче Здравески, легендарниот фудбалер и тренер на Победа.

Здравески беше дел од прилепска Победа, клуб во кој речиси целата своја кариера го посвети со својот живот, но остави и значаен белег во Вардар и Пелистер. Во 1998 година, со Вардар го освои Купот на Македонија, постигнувајќи еден од двата гола во финалето против Слога Југомагнат.

Како играч и тренер, Здравески со Победа стана шампион, а во 2007 година беше прогласен за тренер на годината од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Со својот матичен клуб го освои и Купот на Македонија во 2002 година и беше дел од шампионската титула.

Во текот на својата кариера, Здравески го носеше и репрезентативниот дрес, настапувајќи на пријателските натпревари против Албанија и Азербејџан.


По завршувањето на фудбалската кариера, тој се посвети на работата со младите фудбалери. Работеше како координатор на младинската школа на Победа, а последните години ги мина како тренер во својата приватна школа „Еврогол“ во Прилеп и како дел од Академијата на ФФМ во Прилеп.

Николче Здравески ќе остане запаметен како еден од најголемите фудбалски идоли во Македонија и во Прилеп, со голем придонес во развојот на макеоднскиот фудбал.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!