Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бафто главен судија во Струга – ќе им суди на Ас Јунајтед и Топ Гол, Ќерими ќе им суди на Скопје и Атлетико

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во среда ќе биде одиграно вонредното 22. коло на Првата женска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на истите.

Скопје на домашен терен ќе игра со Атлетико, а за правдата ќе биде задолжен Бењамин Ќерими, овој меч ќе започне во 16 часот.

Екипата на Истатов ќе игра против Каменица Саса, во меч кој ќе започне во 13 часот, а за правдата ќе ја дели Вјолца Изеири.

Фатмир Бафто ќе им суди на Ас Јунајтед и Топ Гол, меч кој се игра во Струга со почеток од 13 часот, додека пак Ангела Рајчевска ќе ја дели правдата на мечот меѓу Речица и фаворитот Љуботен, а мечот ќе започне во 17 часот.

  • ДЕЛЕГИРА СУДИИ 22. КОЛО ПРВА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Скопје – Атлетико, Бењамин Ќерими (Скопје) 16 часот
Истатов – Каменица Саса, Вјолца Изеири (Гостивар) 13 часот
Речица – Љуботен, Ангела Рајчевска (Скопје) 17 часот
Ас Јунајтед – Топ Гол, Фатмир Бафто (Охрид) 13 часот

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!