Втора лигаТрета лигаФудбал

Кои екипи ќе играат бараж за Втора лига?

Сподели
ФОТО: Екипите на Слога Виница, Тетекс, Големо Коњари, Шкендија Арачиново и Преспа
Сподели

На неколку кола до крајот за комплетирање на сезоната во Третата македонска фудбалска лига речиси ги имаме сите екипи кои ќе играат бараж за можен влез во Втората македонска фудбалска лига.

Од петте третолигашки региони во два веќе имаме прогласени шампиони – Слога Виница е шампион во Третата македонска фудбалска лига – Исток додека пак екипата на Шкендија Арачиново е шампион во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Пред прогласување на шампион е екипата на Преспа од Ресен во Трета лига – Југозапад, Тетекс е пред прогласување на шампион во Трета лига – Запад, а пак Големо Коњари е пред прогласување на шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ.

Од второлигашите Осогово е сигурен во баражот за опстанок во Втората лига, па со тоа веќе ги имаме екипи кои во следните две кола и официјално ќе бидат потврди за баражот.

Тоа значи дека бараж за можен влез во Втората македонска фудбалска лига ќе играат екипите на Шкендија Арачиново, Слога Виница, речиси сигурно Тетекс, Преспа, а кон баражот гледа и Големо Коњари, како и Осогово кој како второлигаш ќе бара опстанок.


Како што е познато исфрлањето на Воска Спорт од Прва лига во најнизок ранг на натпреварување отвара простор пополнување на Втора лига со уште третолигаши од шампионите, па така многу извесно ќе биде дека преку ждрепка од поразените екипи ќе се бара третолигаш кој ќе биде дел од Втора лига за следната сезона.


Ваквиот случај е познат од сезона 2022/2023 кога преку ждрепка екипите на Новаци и Осогово беа извлечени и обезбедија место во Втора лига, а пак екипата на Влазерими од Кичево беше таа која остана во Трета лига – Запад, односно немаше среќа.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!