ТурнириФудбал

Пријавите се во тек за Меѓународниот турнир во фудбал „Балкан Промисес“ во Охрид – три термини за пет генерации!

Сподели
Сподели

Пријавите се во тек за учество на Меѓународниот турнир во фудбал „Балкан Промисес“, кој ќе се одржи во Охрид, во три термини за пет генерации.

Традицијата продолжува, и оваа година ќе се одржи Меѓународниот фудбалски турнир „Балкан Промисес“, на кој, покрај екипи од Македонија, ќе учествуваат и тимови од регионот.

Станува збор за три турнири: првиот ќе се игра од 16 до 19 јуни 2025 година, вториот од 19 до 22 јуни, а третиот од 22 до 25 јуни 2025 година.

Ќе бидат опфатени пет генерации: 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016.

Натпреварите ќе се одиграат според правилата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со следниве формати: генерациите 2012 и 2013 ќе играат 8+1, генерациите 2014 и 2015 ќе играат 7+1, а најмалите фудбалери од генерација 2016 ќе играат 5+1.

Термини за одигрување на натпреварите ќе бидат од 9:00 до 12:00 часот и од 17:00 до 20:00 часот.

Екипите ќе бидат поделени во групи од по четири тима, а првите две најдобропласирани ќе обезбедат пласман во елиминациската фаза.

Во четвртфиналето и полуфиналето, натпреварите ќе се играат по нокаут-систем (knock-out систем).

Понудата е повеќе од одлична, со сместување во хотел и полн пансион. За повеќе информации, контактирајте нè во порака.

Спортска Мрежа и годинава ќе биде медиумски покровител на „Балкан Промисес“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!