Втора лигаФудбал

Младеновски главен во Струмица, Бардхиљ во Штип, Стојанов ќе им суди на Кожуф и Вардар Неготино

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По долгата пауза второлигашите се враќаат со првенствени натпревари, а в недела ќе се одиграат прво натпреварите од 5. коло, а во среда во вонреден термин натпревари од 4. коло.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 5. коло во Втората лига. Стојанче Стојанов ќе биде главен судија во Гевгелија каде играат Кожуф и Вардар Неготино, Марјан Дејаноски ќе им суди на Детонит Плачковица и Скопје, Бардхиљ Ибраими ќе им суди на Брегалница и Осогово, Владимир Ѓорѓиевски ќе ја дели правдата меѓу Борец и Вардарски во Велес.

Доне Ристовски ќе биде задолжен за правдата на дуелот меѓу Македонија ЃП и Каменица Саса, Игор Иванов ќе им суди на Арсими и Новаци, Дејан Младеновски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Беласица и Победа во Струмица, а пак Александар Урошевиќ ќе им суди на Охрид и Башкими.

Натпреварите од 5. коло кои се на програмата в недела ќе започнат во 15 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 5. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Кожуф – Вардар Неготино, Стојанче Стојанов (Штип)
Детонит Плачковица – Скопје, Марјан Дејаноски (Кичево)
Брегалница – Осогово, Бардхиљ Ибраими (Тетово)
Борец – Вардарски, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Македонија ЃП – Каменица Саса, Доне Ристовски (Гевгелија)
Арсими – Новаци, Игор Иванов (Велес)
Беласица – Победа, Дејан Младеновски (Скопје)
Охрид – Башкими, Александар Урошевиќ (Тетово)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!