Денес со натпреварот во Валандово меѓу Победа Валандово 16 и Борец ќе се комплетира првото воведно коло од новата сезона во Втората женска фудбалска лига.
Овој натпревар наместо во неделата се одложи и ќе се одигра денес со почеток во 16 часот.
Главен судија на мечот ќе биде Виолета Јанечва од Гевгелија, а нејзини помошници ќе бидат Илија Атанасов и Андон Михајлов од Гевгелија.
Во првото коло големиот фаворит Кочани со 1:5 го декласираше Билјанини Извори во Охрид, со 0:5 Порече го декласираше дебитантот Слободен, а пак Плачковица откина бодови од фаворитот Вардар, откако двете екипи ремизираа играјќи 2:2 за што информираше Спортска Мрежа со комплетен извештај за овие натпревари.