Трите бодови останаа во Мешеишта откако Славеј со 3:0 го доби Влазними во меч каде Стефан Бушиноски беше двоен стрелец откако погоди во првиот дел од мечот, а во второто полувреме Валентин Ѓорѓиески погоди за конечни 3:0 во 60. минута од натпреварот.
Оваа победа е посветена на Виктор Ѓелевски, а неговите соиграчи му посакуваа побрзо опоравување и враќање на фудбалските терените.
Убедлива победа за Кравари над Кораб од Дебар со резултат од 6:1, а во рамки на 15. коло на Трета лига – Југозапад.
Двојни стрелци во убедливата победа за Кравари беа Темур Емини и Иван Иванов, а по еден гол постигнаа Филип Кабаковски и Антонио Јаревски. За гостинот единствен стрелец беше Ујкан Јани.
Велешта со голот на Фартам Хани во 47. минута со минимални 1:0 го доби мечот со Света Троица од Охрид.
Ланскиот второлигаш Караорман преку пресврт го доби Демир Хисар со резултат од 2:1. Гостинот преку голгетерот Стефан Каревски во 45. минута дојде до 0:1 на полувреме.
Во вториот дел Караорман во три минути направи пресврт, откако Игор Клечкаровски во 60. минута погоди за 1:1, а три минути подоцна Димитар Јановски постигна гол за 2:1.
Преспа во финишот се спаси од пораз во дербито за првото место и баражот откако одигра 1:1 против Сатеска во Волино.
По мирните мрежи во првиот дел во второто полувреме Сатеска преку најдобриот стрелец во лигата Никола Секулоски во 73. минута дојде до 1:0 со гол од пенал.
Во судиското надополнување Преспа преку Неџми Реџепи дојде до конечните 1:1 со гол од пенал и поделба на бодовите.
Во однос на табелата Преспа е на врвот со 35 бодови, Сатеска од Волино е втора со 29 бодови, а пак Кораб е трет со 28 бодови, но има меч повеќе во однос на Преспа и Сатеска Волино.